Линкови за пристапност

Кери даде голем говор за надворешната политика на САД


Државниот секретар на САД Џон Кери вели дека „нема ништо странско во надворешната политика“.

Кери кажа дека одлуките во надворешната политика ги засегаат Американците во секојдневниот живот, од производи донесени и продадени до работни места креирани од американски бизниси.

Наместо да патува во странство, Кери го даде првиот поголем говор за јавноста на Универзитетот на Вирџинија, кој бил формиран од американскиот претседател Томас Џеферсон.

Кери кажа дека надворешната политика не е само за испраќање трупи во друга битка, туку за тоа дали Американците можат да ги испратат своите дипломци во „просперитетна работна сила“.

Кери ја замени поранешната државна секретарка Хилари Клинтон на функцијата на 1 февруари.
XS
SM
MD
LG