Линкови за пристапност

Кери во посета на Дака


Постои доказ дека Исламската држава која е активна во Ирак и во Сирија има контакти со околу осум ентитети ширум светот

Премиерот на Бангладеш Шеик Хасина, изрази мошне јасна желба за блиска соработка со САД во однос на борбата за тероризмот, изјави државниот секретар Џон Кери којшто се наоѓа во официјална посета на Дака.

На прашање на Гласот на Америка, секретарот Кери по говорот во Дака, кажа дека постои доказ дека организацијата Исламска држава која е активна во Ирак и Сирија има контакти со околу осум ентитети ширум светот, а еден од нив се наоѓа во Јужна Азија.

Шефот на американската дипломатија додаде дека екстремистите во Ирак и Сирија се во контакт со одредени оперативци во Бангладеш и по таа информација немало дилема од страна на владините претставници со коишто Кери оствари средби, вклучувајќи го и премиерот Хасина.

Секретарот Кери воедно изрази сочувство и поддршка од САД по нападите на 1-ви јули во Дака, при што загинаа 20 заложници, од кои 17 беа странски државјани. Одговорноста за овој напад ја презеде Исламската држава.

XS
SM
MD
LG