Линкови за пристапност

Реакција на државниот секретар Кери за нападот во Алепо


Шефот на американската диполоматија директно ги обвини силите на сирискиот претседател Башар Ал-Асад

Државниот секретар Џон Кери остро ги критикуваше воздушните напади врз детската болница во Алепо, Сирија, директно обвинувајќи ги силите на претседателот Башар Ал-Асад.

Нападот од четвртокот, во којшто животот го загубија најмалку 20 деца, беше дел од 24-часовните борби меѓу сириските сили и бунтовниците, при што загинаа преку 60 лица. Кери ја повикува Русија, главниот сојузник на Асад, да го употреби своето влијание за да ги спречи нападите.

Тој ги поздрави земјите од Блискиот Исток заради тоа што работат на политички и економски промени во регионот.

Во екслузивно интервју за мрежата Ал Хура, Кери истакна дека, цитираме, силната коалиција составена од 66 земји, која се залага за пораз на Исламската држава, има напредок преку цврсти иницијативи.

Шефот на американската дипломатија додаде дека Саудиска Арабија е клучен играч во борбата за соборување на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG