Линкови за пристапност

Државниот секретар на САД од Русија ќе бара одговори за ставовите околу политичката транзиција во Сирија.

Државниот секретар Џон Кери денеска во Москва ќе се сретне со неговиот руски колега, Сергеј Лавров и рускиот претседател Владимир Путин, на разговори за кризата во Украина и Сирија.

Кери претходно изјави дека многумина се надеваат дека дискусиите ќе помогнат да се стави крај на конфликтот во Сирија што е можно побрзо. Тој подвлече дека воедно целта е и да се изнајде начин за соработка и за други предизвици во регионот, како Јемен, Либија и мир на Блискиот Исток.

Шефот на американската дипломатија додаде дека делумното примирје во Сирија резултирало со, цитираме, одреден напредок и дека има кревко, но корисно намалување на насилството.

Кери се очекува од Русија да побара одговори за ставовите околу политичката транзиција во Сирија.

XS
SM
MD
LG