Линкови за пристапност

Кери во Москва


Состојбата во Сирија, борбата против Исламската држава и Украина - главни точки на разговорите

Со зборовите дека се надева дека ќе дојдат до „заедничко мислење“ американскиот државен секретар Џон Кери го започна состанокот со својот руски колега Сергеј Лавров во вторникот.

И двајцата изјавија дека кризата во Сирија, Исламската држава и безредието во Украина се главни точки за разговорот на состанокот во Москва, што е втора посета на Џон Кери на оваа земја годинава.

„Иако постојат разлики помеѓу нас“ изјави Кери, „ние успеваме да работиме заедно на одредени прашања.“ Тој исто така изјави дека Русија направи значителен придонес во дијалогот за иранскиот нуклеарен договор.

Лавров изјави дека сака да се продолжи дијалогот инициран од рускиот претседател Владимир Путин со американскиот претседател Барак Обама околу помошта на САД за „решението за Украина.“

XS
SM
MD
LG