Линкови за пристапност

Војната во Сирија во фокусот на разговорите во Виена


Прекинот на огнот, што стапи на сила кон крајот на февруари, резултираше со драматично намалување на целокупното насилство во оваа земја, но тој напредок почнува да слабее.

На агендата на Меѓународната група за поддршка на Сирија составена од 17 држави, е отежнатиот политички дијалог, потешкотиите за одржување на договорот за прекин на огнот, и незадоволителните резултати на ОН во процесот на достава на хуманитарна помош.

Прекинот на огнот, што стапи на сила кон крајот на февруари, резултираше со драматично намалување на целокупното насилство во Сирија, но тој напредок почнува да слабее.

САД и Русија се обидуваат да го употребат нивното влијание и да ги убедат спротивставените страни да се придржуваат кон договорот, истовремено обидувајќи се да ги поддржат мировните разговори.

И обете земји се дел од Меѓународната група за поддршка на Сирија, но Русија го поддржува режимот на Сирија, а САД, умерената опозиција.

Државниот секретар Џон Кери во понеделникот оствари средба со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, на разговори за сириската криза.

Во однос на Либија, Кери истакна дека САД и меѓународната заедница, „остануваат подготвени да обезбедат хуманитарна, економска и безбедносна поддршка за новата либиска влада, но дека светските сили не разговараат за распоредување војници во Либија.

XS
SM
MD
LG