Линкови за пристапност

Нетанјаху ветува „сериозни напори“ во мировните преговори


Државниот секретар Кери убеден дека САД, Израел и Палестинците може да ја надминат големата недоверба што го кочи процесот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му соопшти на американскиот државен секретар Џон Кери дека е решен „да направи сериозен напор“ за заживување на мировните разговори со Палестинците.

Во изјавата дадена во Ерусалим пред средбата со Кери, Нетанјаху кажа дека сака да го реши конфликтот „еднаш – засекогаш“.

„Ова има економски компоненти. Ги поздравуваме сите иницијативи што Вие и другите ќе ги предложите во таа смисла. Но, исто така, постои и политичка компонента, политичка дискусија што се однесува на мноштво проблеми, а за нас примарни се признавањето и безбедноста. Ова е вистински напор и со нетрпение очекуваме заедно со Вас да напредуваме“, кажа Нетанјаху, обраќајќи се на Кери.

Првиот човек на американската дипломатија мина неколку дена во регионот, на средби со израелски и палестински водачи, во обид да го заживее мировниот процес. Тој истакна дека економските напори сами по себе не се целосно решение.

„Сакам да биде апсолутно јасно дека без разлика какви чекори ќе преземеме во однос на економијата, тие, посекако, не се замена, туку само дополнение на политичката компонента. Политичката компонента е првата и пред се`. Другите може да ја надоградат“, рече американскито државен секретар.

Кери вчера изјави дека убеден дека САД, Израел и Палестинците може да ја надминат големата недоверба што го кочи процесот, но дека нема да избрзува со задавање на временски рок.
XS
SM
MD
LG