Линкови за пристапност

Џон Кери врши притисок за израелско-палестински преговори


Државниот секретар ја продолжува посетата на Блискиот Исток со средби со претставници од обете страни.

Американскиот напор за заживување на израелско-палестинските мировни преговори денес ќе продолжи преку средбите на државниот секретар Џон Кери со израелски и палестински претставници.

За време на посетата на Израел, Кери ќе учествува и на церемонијата по повод Денот на сеќавање на жртвите од Холокаустот, пред разговорите со палестинскиот премиер Салам Фајад и израелскиот претседател Шимон Перес.

Стејт департментот најави дека Кери ќе изврши притисок за гестови од обете страни преку кои би се изградила доверба. Израелско-палестинските лидери се немаат сретнато на мировни преговори од септември 2010-та. Кери, според очекувањата, нема да предложи некаква официјална мировна иницијатива од американската страна.

За време на турнејата во регионот, шефот на американската дипломатија веќе се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, како и со министерот за надворешни работи Ахмед Давитоглу.
XS
SM
MD
LG