Линкови за пристапност

Кери во Ирак


Државниот секретар Џон Кери со ирачкиот премиер Нури ал-Малики

Државниот секретар Џон Кери со ирачкиот премиер Нури ал-Малики

Врши притисок за повклучителна влада

Американскиот државен секретар Џон Кери е во Ирак, во претходно ненајавена посета. Таа доаѓа во време кога ирачките владини сили се пред предизвик да се спротистават на сунитските исламистички милитанти што зазедоа големи области во северните и западни делови на земјата.

Кери во Багдад се сретна со премиерот Нури ал-Малики и со сунтиските и курдски водачи. Тој го продолжува американскиот притисок врз Малики да направи владата под шиитско раководство да биде повклучителна. Владата е под критика дека ги исклучува сунитите и Курдите и дека со тоа создава секташка напнатост.

Ирак и заканата од милитантите на Исламската држава Ирак и Левант (ИСИС) беа тема и на претходните средби на Кери во Египет и Јордан. Тој во Каиро изјави дека САД ќе помогнат доколку Ирачаните сакаат повклучителна влада.

„Доколку сакаат, тие имаат можност да изберат раководство што ќе го претставува целиот Ирак: влада на единство што ги зближува луѓето и се фокусира на ИСИС. Убеден сум дека ќе го сторат тоа не само со нашата помош, туку и со помошта на речиси сите земји во регионот, како и другите во светот што секогаш ќе застант против тиранијата и овој вид на терористичка активност“, рече Кери.
XS
SM
MD
LG