Линкови за пристапност

Кери во Колумбија


Џон Кери: прва посета на Латинска Америка откако стана државен секретар
Џон Кери: прва посета на Латинска Америка откако стана државен секретар

Американскиот државен секретар на разговори за трговијата, борбата против шверцот на дрога и безбедноста.

Американскиот државен секретар Џон Кери е во Колумбија, каде, според најавите, ќе разговара за трговијата, борбата против шверцот на дрога и безбедноста.

Ова е негова прва посета на Латинска Америка откако застана на чело на американската дипломатија. Таа доаѓа во време кога колумбиската влада продолжува со мировните преговори со бунтовниците на ФАРК, обидувајќи се да стави крај на петдеценискиот конфликт и најдолгото бунтовништво воопшто во Латинска Америка.

Американскиот амасадор во Колмбија, Мајкл Мекинли, вчера изјави дека САД го поддржуваат мировниот процес, како и транзициониот процес по конфлитот во Колумбија.

Земјата е еден од најблиските сојузници на САД во регионот, но нејзини претставници изразија загриженост по обелоденувањето на програмите на американската влада за следење на телефонски и Интернет-податоци ширум регионот.

Од Колумбија, Кери утре ќе замине за Бразил.
XS
SM
MD
LG