Линкови за пристапност

Карзаи и американски лица разговараат за Авганистан


Каква иднина по заминувањето на силите на САД? Претседателите Хамид Карзаи и Барак Обама на Самитот на НАТО во Чикаго, 20-ти мај 2012-та.

Каква иднина по заминувањето на силите на САД? Претседателите Хамид Карзаи и Барак Обама на Самитот на НАТО во Чикаго, 20-ти мај 2012-та.

Што ќе се случи со земјата по американското повлекување?

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денес во Вашингтон ќе се сретне со американскиот секретар за одбрана Леон Панета и државната секретарка Хилари Клинтон, во време кога американската влада размислува каква иднина ја очекува нејзината армија во Авганистан.

Претседателот Карзаи често ги критикува американските постапки во Авганистан, но исто така јавно истакнува дека сака да остане некаков вид на американско присуство во земјата.

Претседателот Карзаи често ги критикува американските постапки во Авганистан, но исто така јавно истакнува дека сака да остане некаков вид на американско присуство во земјата.

Утре Карзаи ќе се сретне со претседателот Барак Обама и се очекува тие да разговараат за безбедносни прашања, особено колку американски војници можеби ќе бидат стационирани во Авганистан по повлекувањето на главнината во 2014-та, и под кои услови. Според сегашниот план, САД треба да ги повлечат речиси сите 68.000 војници до крајот на таа година.

Но, планот зависи од бројни услови, како на пример дали авганистанските сили ќе бидат способни самите да се грижат за безбедноста. Исто така, не е јасно каква ќе биде улогата на Американците кои ќе останат во земјата, доколку воопшто останат.

„Динамиката во Авганистан и во регионот не одговара за нагло или целосно повлекување на американските и западните сили“.

Некои аналитичари сметаат дека Талибан можеби планира враќање и само чека на силите од САД и западните земји да заминат.

Пензионираниот полковник Томас Линч, еден од авторите на новата книга Талибанистан, посветена на Авганистан и неговата иднина, мисли дека американскиот план за повлекување можеби е преуранет.

„Динамиката во Авганистан и во регионот не одговара за нагло или целосно повлекување на американските и западните сили. Мислам дека на авганистанската национална армија и безбедносните сили се` уште им треба голема помош – логистичка, и извесен дел на оперативна обука. Се` уште е потребна соработката меѓу авганистанските и американските и западните контратерористички единици“, вели Линч.
„Не мислам дека Талибан ќе поита со оклопни возила кон Кабул, но сметам дека постои реална опасност од граѓанска војна во Авганистан во годините по американското повлекување“.


Друг автор на Талибанистан, Брајан Фишман, кој е стручњак за контраразузнавање од Фондацијата Нова Америка, предвидува матна и опасна иднина за Авганистан доколку САД заминат.

„Песимистичен сум во однос на авганистанската влада. Не мислам дека Талибан ќе поита со оклопни возила кон Кабул, но сметам дека постои реална опасност од граѓанска војна во Авганистан во годините по американското повлекување, особено доколку запрат паричните средства, како што тоа се случи кога си заминаа Советите“, наведува Фишман.

Иако претседателот Карзаи често ги критикува американските постапки во Авганистан, тој исто така јавно истакнува дека сака да остане некаков вид на американско присуство.
XS
SM
MD
LG