Линкови за пристапност

Поранешниот лидер на босанските Срби е осуден по утврдената вина за геноцид и девет други основи.

Поранешниот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ, е прогласен за виновен за геноцид и девет други обвиненија и е осуден на казна затвор во траење од 40 години.

Меѓународниот кривичен трибунал на ОН за поранешна Југославија го прогласи Караџиќ за виновен за српските злосторства сторени во Босна за време на војната од 1992 – 1995 година што остави 100.000 мртви.

70- годишниот Караџиќ бил кривично одговорен за геноцидот од масакрот во Сребреница од 1995-та година, кога српските сили убија 8.000 муслимански мажи и момчиња, во како што се нарекува најголемото злосторство во Европа после Холокаустот.

Претседателот на судот О-Гон Квон изјави дека без поддршка на Караџиќ масакрот во Сребреница не би било можно да се случи.

Караџиќ доби ослободителна пресуда од Хашкиот трибунал за протерување на босански Муслимани и Хрвати од селата од страна на српските сили за време на конфликтот.

Како највисок водач на босанските Срби, одговорностите на Караџиќ за време на босанската војна вклучуваат и надзор на војската на босанските Срби. Судот во Хаг исто така води постапка за официјалниот командант на армијата, поранешниот генерал Ратко Младиќ, кој исто така се товари за геноцид.

XS
SM
MD
LG