Линкови за пристапност

Њујоршките обвинители се откажаа од обвинението против Строс-Кан


Њујоршките обвинители се откажаа од обвинението против Строс-Кан

Њујоршките обвинители се откажаа од обвинението против Строс-Кан

Њујоршките обвинители побараа од судијата да ја отфрли тужбата за сексуален напад против поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Строс-Кан, кој беше уапсен во мај под сомнение дека силувал хотелска собарка.

Обвинителите во понеделник поднеле препорака за отфрлање на обвинението во суд во Менхетн. Американските медиуми велат дека судијата ќе го разгледа барањето на вторничкото сослушување на кое Строс-Кан треба да присуствува. Тој се бранеше од слобода со платена кауција по кус период на притвор по неговото апсење.

Обвинителите соопштија дека ќе бараат отфрлање на случајот кусо време по средбата со жената што го обвинува Строс-Кан, Нафисатоу Диало, и нејзиниот адвокат во канцеларијата на Главниот обвинител на дистриктот Менхетн.

Диало го обвини тогашниот шеф на ММФ за сексуален напад кога влегла во собата во хотелот Менхетн Софител на 14 мај, да ја чисти. Адвокатите на Строс-Кан ги негираат обвиненијата и сугерираат дека секаков однос меѓу двајцата бил со меѓусебна согласност.

Случајот на Диало се соочи со пречка кон крајот на јуни кога обвинителите открија неконзистентност во нејзината изјава за тоа што се случило во хотелот. Тие исто така открија дека таа фабрикувала приказна за силување во нејзината родна Гвинеја во апликацијата за азил во САД. Американските медиуми велат дека обвинителите веруваат оти тие откритија ја намалиле нејзината кредибилност пред поротата.

XS
SM
MD
LG