Линкови за пристапност

САД го слават Денот на независноста


Американците традиционално го слават празникот 4-ти Јули со паради, излети, огномети, спортски настани и концерти.

САД ја одбележуваат 237-та годишнина од независноста од Британија.

Американците традиционално го слават празникот со паради, излети, огномети, спортски настани и концерти, а централната свеченост е во Вашингтон.

Во Њујорк, Статуата на слободата беше отворена за прв пат откако ураганот Сенди го погоди градот во октомври минатата година. 93-метари високиот симбол не беше уништен во невремето, но островот на кој е поставен претрпе огромна материјална штета.

Во редовното обраќање до нацијата по повод празникот, претседателот Барак Обама ги повика Американците зборовите од Декларацијата за независност да продолжат да ги спроведуваат во дело. Тој кажа: „1776-та, мала група патриоти декларираа дека сите сме создадени еднакви, слободни да мислиме, да практикуваме религија и да живееме како што сакаме. Тоа беше декларација за која слушна целиот свет“.
XS
SM
MD
LG