Линкови за пристапност

Странски новинари се држат против нивна волја во Триполи


Странски новинари се држат против нивна волја во Триполи

Странски новинари се држат против нивна волја во Триполи

Сили лојални на либискиот лидер Моамар Гадафи спречуваат околу 35 странски новинари да излезат надвор од нивниот хотел во Триполи.

Силите лојални на Гадафи не им дозволуваат на новинарите да го напуштат хотелот Риксос најмалку четири дена, иако најголем дел од Триполи се чини дека е под контрола на бунтовниците.

Некои известувачи истакнале транспаренти на прозорците со зборовите „ТВ“ и „Не пукајте“ напишани на нив. Тие велат дека снајпери биле во близина на хотелот.

Некои новинари велат дека водата и другите намирници во хотелот рапидно се намалуваат.

XS
SM
MD
LG