Линкови за пристапност

Фокусот на разговорите со претседателот Обама ќе биде Сирија

Американскиот претседател Барак Обама е домаќин за јорданскиот крал Абдула Втори во Белата куќа, на разговори фокусирани на борбата против Исламската држава и хуманитарните последици од војната во Сирија.

Јордан е дел од коалицијата предводена од САД и учествува во воздушните напади против цели на Исламската држава во Ирак и Сирија. Во соопштението на Белата куќа се вели дека двајцата лидери ќе разговараат за напорите за спротиставување на милитантите, како и начините за решавање на петгодишниот конфликт во Сирија.

Средбата доаѓа во време кога САД и Русија работат на убедување на спротиставените страни во Сирија да го почитуваат прекинот на огнот кој започна во саботата.

Војната во Сирија, како и во помала мера насилството во Ирак, предизвикаа масовен бран на бегалци да бараат засолниште во Јордан. Обединетите нации велат дека 638.000 Сиријци и десетици илјади ирачки бегалци во моментов се во Јордан, нација со вкупно околу осум милиони луѓе.

XS
SM
MD
LG