Линкови за пристапност

Белата куќа вели дека економија и натаму се опоравува

Белата куќа вели дека новите петочни цифри за работните места покажуваат дека американската економија „продолжува да заздравува“, но го предупредува Конгресот дека мора да реагира за да се избегнат кратења на трошоците.

Економистот на Белата куќа, Алан Кругер, вели дека американските законодавци треба да избегнат автоматски, недискриминирачки кратења на трошоците планирани за 1-ви март и наместо тоа да усвојат нова политика за балансирање на приходите и расходите.

Владата соопшти во петок дека работодавците додале 157.000 работни места во јануари, додека стапката на невработеност пораснала за една десетина од поенот, на 7,9 проценти.

Ситуацијата со невработеноста во САД полека се подобруваше од крајот на рецесијата.

Во средата американскиот Оддел за трговија извести дека економијата во САД неочекувано се намалила во периодот октомври-декември. Но, во целост во 2012-та економијата се проширила 2,2 проценти, што е зголемување од 1,8 стапка на растеж во 2011.
XS
SM
MD
LG