Линкови за пристапност

Невработеноста во САД падна на 7,8 проценти


Неочекувано за многумина, невработеноста во септември паднала на 7,8 проценти, прв пат во 44 месеци под нивото од осум проценти.

Во клучен владин извештај во месецот пред претседателските избори во државата, САД во петок објавија дека трудовиот пазар додал 114.000 работни места минатиот месец. Исто така, ревидирани се цифрите на нови вработувања во август, така што сега се значително повисоки, од 96.000 на 142.000.

Одделот за труд вели дека невработеноста паднала зашто работодавците примиле повеќе лица со неполно работно време.

Невработеноста е големо кампањско прашање во САД.
XS
SM
MD
LG