Линкови за пристапност

Почина Стив Џобс, еден од основачите на Епл


Почина Стив Џобс, еден од основачите на Епл

Почина Стив Џобс, еден од основачите на Епл

Незавршен студент но и визионер и гениј кој ни ги подари Ај-фон, Ај-пед и Ај-под.

Почина Стив Џобс, еден од основачите на Епл и поранешен извршен директор. Тој имаше 56 години, а водеше битка со рак на панкреасот уште од 2003-та. Во 2009-тата му беше пресаден црн дроб.

Во соопштението на Епл објавено саботата доцна навечер стои дека компанијата со смртта на Џобс загубила визионер и гениј, а светот извонредно човечко суштество. „Сите кои ја имаа таа среќа да го знаат и да работат со Стив изгубија драг пријател и ментор кој инспирираше“, се вели во соопштението. Во него стои и дека духот на Џобс засекогаш ќе биде темел на компанијата.

Џобс, инаку незавршен студент, замина од функцијата главен извршен директор на Епл во август. Тој беше роден на 24-ти февруари 1955-та, а порасна во делот на Калифорнија што подоцна стана познат како Силиконската долина, центарот на американската технолошка индустрија.

Во 1974-та, Џобс ја напушти позицијата техничар во компанија за видео-игри и замина за Индија, во потрага по душевно просветлување. По враќањето, започна со работа во својата гаража заедно со Стив Вознијак, каде и го развија првиот компјутер на Епл.

Двајцата се основачи на Епл. Во еден дел од кариерата, Џобс ја напушти компанијата поради спор со другите главни извршни лица. Се врати во 1997-ма, кога таа беше на работ на колапс. Тогаш ја претстави новата линија на компјутери под името Ај-мек. Ѕвездата на Епл блесна повторно со пренасочувањето од производител на персонални компјутери во компанија што излезе со продукти како Ај-фон, Ај-пед и Ај-под. Во моментов е една од највредните во светот.

Џобс почина еден ден откако Епл го претстави новиот Ај-фон што реагира на говорни команди. Телефонот има поквалитетна камера од претходните верзии и може да синхронизира податоци помеѓу различни продукти на Епл, обновувајќи ги во исто време.

XS
SM
MD
LG