Линкови за пристапност

Пазарот на работни места подобрен во САД


Пазарот на работни места подобрен во САД
Пазарот на работни места подобрен во САД

Стапката на невработеност паднала на 8.3 проценти, најниска за речиси три години.

САД велат дека трудовиот пазар се подобрил минатиот месец, со речиси четвртина милион работници додадени на платните списоци на компаниите и дека паднала стапката на невработеност, за две десетини од процентен поен, на 8.3 проценти, најниска за речиси три години.

Во внимателно следениот месечен извештај, владата кажа дека 243,000 работни места се додадени на економијата, еден месец откако најголемата светска економија регистрираше 200,000 нови работни места. Јануарските цифри се најголем додаток за девет месеци, значително ги надминаа првичните проценки на економистите. Аналитичарите кажаа дека извештајот сигнализира дека слабото економско опоравување може да се забрзува.

XS
SM
MD
LG