Линкови за пристапност

Невработеноста во САД нагло опадната


Невработеноста во САД нагло опадната

Невработеноста во САД нагло опадната

Извештајот од петокот што го издаде Одделот за труд вели дека стапката на невработеност била 8,6 проценти, што е опаѓање за четири десетини од процентот од претходниот месец.

Податоците исто така покажуваат дека американската економија имала нето добивка од 120.000 работни места.

Кога внимателно ќе се погледнат цифрите, сликата е мешана за пазарот на трудот.

Дел од подобрувањето доаѓа од вработувања во приватни компании.

Очигледното подобрување во ситуацијата со невработеност е резултат и на откажување на неколку стотици илјади луѓе од барање работа.

Стапката на невработеност ги зема предвид само луѓето кои активно бараат работа.

XS
SM
MD
LG