Линкови за пристапност

Сенатот ќе гласа по предлогот за работни места на Обама


Сенатот ќе гласа по предлогот за работни места на Обама

Сенатот ќе гласа по предлогот за работни места на Обама

Додека претседателот е на кампања за промоција на својот предлог, Сенатот се подготвува за гласање по мерката

Американскиот претседател Барак Обама ќе го мине вторник на пат, во мисија да добие јавна поддршка за својот 447 милијарди долари тежок предлог за креирање работни места, додека Сенатот се подготвува да одржи клучно гласање по мерката подоцна во денот.

Претседателот Обама ќе патува во североисточниот град Питсбург, Пенсилванија, каде ќе се сретне со Советот за работни места и компетитивност, група составена од корпоративни и трудови лидери кои го советуваат претседателот во областа на креирање работни места.

Советот се очекува да претстави листа на препораки, вклучувајќи поголемо вложување во националната инфраструктура – клучен елемент на предлогот на Обама за создавање работни места.

Обама многу пати го повика Конгресот да го усвои Актот за американски работни места, велајќи дека со него ќе се стават илјадници наставници, полицајци и градежни работници назад на работа додека се намалуваат даноците за работниците и малите бизниси.

Американскиот Сенат планира да има процедурално гласање по малку изменета верзија на предлогот во вторник, но е речиси сигурно дека републиканците ќе го поразат, или во најдобар случај – ќе усвојат само делови на предлогот на претседателот.

XS
SM
MD
LG