Линкови за пристапност

Британскиот милитант бил мета на напад со беспилотно летало во Сирија

Американската армија потврди дека извршила воздушни напади целејќи на „Џихидистот Џон“, познатиот британски милитант од Исламската држава кој што се појави во неколку видео-пораки на Ју-Тјуб како обезглавува западни заложници.

Официјални лица не можат веднаш да потврдат дали во нападот со беспилотно летало во самопрогласениот главен град на Исламската држава, Рака, во Сирија, тој е убиен.

Западни разузнавачки служби го идентификуваат како Мохамед Емвази.

Виши американски лица кои сакаа да останат анонимни го опишаа нападот како чиста мета врз возило во кое се наоѓал Емвази, подвлекувајќи дека најверојатно е убиен.

Сириската опсерваторија за човекови права, која ја следи војната во Сирија, соопшти дека нејзини извори индицираат оти виш британски член на раководството на Исламската држава е меѓу загинатите четворица милитанти при американскиот воздушен напад. Сепак, ниту од оваа организација не можеа да потврдат дали се работи за „Џихадистот Џон“.

Британскиот премиер Дејвид Камерон рече дека не може да ја потврди смртта на Емвази, но сепак им се заблагодади на САД за нивните напори во подготовката и извршувањето на нападот.

XS
SM
MD
LG