Линкови за пристапност

Иванка Трамп во одбрана на ставовите на нејзиниот татко за жените


Таа имаше свое обраќање на панел-дискусијата на Самиот за жени - Г20 во Берлин, посветен на начините за поддршка на жените во деловниот свет

Ќерката на претседателот Трамп, Иванка Трамп, застана во одбрана на ставот на американскиот лидер за жените, истакнувајќи дека критиката во медиумите за неговиот однос спрема жените во минатото, и натаму е присутно. Веднаш по коментарот, од публиката имало звуци на негодување и свирежи.

Трамп ова го истакна за време на панел-дискусијата на Самиот за жени - Г20 во Берлин, посветен на начините за поддршка на жените во деловниот свет. Меѓу учесничките беа германската канцеларка Ангела Меркел и директорката Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.

Ова е прво патување во странство на Иванка Трамп, откако стана дел од претседателскиот тим на нејзиниот татко. Поврзано со неговите поранешни неумесни коментари за жените, Иванка беше запрашана колку претседателот Трамп има сторено за да истакне улогата на жените:

„Секако дека ја имам чуено критиката во медиумите и таа продолжува. Но, од лично искуство и од мислењата на илјадници жени со кој татко ми соработувал и кои работеле за него со децении, знам дека тој верува, и е цврсто убеден во потенцијалот на жените и нивната способност да ги завршат работните задачи, исто како и мажите. На приватен план, како негова ќерка, можам да ви кажам дека мојот татко ме охрабрувал, и ми овозможил да успеам. Растев во дом каде немаше препреки за тоа што се` можам да остварам надвор од мојата определеност и упорност“, истакна Иванка Трамп.

Повремени исвиркувања од присутните на дискусијата имало и кога таа го опишала својот татко како „неверојатен шампион во поддршка на семејствата“.

Давајќи ги САД како пример, таа подвлече дека бизнис-климата за жените-претприемачки е „неверојатно возбудлива“, со оглед на фактот дека само 30 проценти од приватните бизниси се во сопственост на жени, и покрај тоа што ја сочинуваат половината од светската популација.

Меѓу останатите учеснички на дводневниот самит на водечките светски економии, беа и канадската министерка за надворешни работи Кристија Фриланд и холандската кралица Максима.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG