Линкови за пристапност

Во Средоземното море спасени 500 мигранти


Најмалку 1.300 мигранти од Либија стигнале до Сицилија преку три различни пристаништа во изминативе неколку дена

Четвртата година од пристигнувањето на бродови полни со мигранти кои го минуваат Медитеранот од Либија до Италија, започна со рекордно темпо. Крајбрежната стража вели дека спасила 500, а близу 1300 мигранти стигнале до три различни пристаништа во Сицилија.

Во петокот, италијанската Крајбрежна стража соопшти дека само годинава бројот на спасени мигранти е повеќе од 15.000, а според проценка на Агенцијата за бегалци на ОН во 2017-та животот го загубиле најмалку 440 лица.

Хуманитарните организации велат дека егзодусот е поттикнат од влошување на животните услови за мигрантите во Либија и стравот од можноста за скоро затворање на морската рута за Европа за трговците со луѓе.

Мигрантите кои успеале да поминат, сведочат за зголемено насилство и бруталност во Либија, каде ривалските фракции се борат за превласт.

Околу половина милион мигранти и бегалци пристигнале во Италија од почетокот на 2014-та, а рекордот го држи 2016-та со пристигнати 181 илјада.

XS
SM
MD
LG