Линкови за пристапност

Пропаѓање на италијанските споменици

  • Хенри Риџвел

Пропаѓање на италијанските споменици

Пропаѓање на италијанските споменици

Археолозите во Италија предупредуваат дека многу антички споменици се во ризик заради владините буџетски скратувања. Ова уследи по колапсот на ѕидот во заштитениот антички град Помпеја.

Секоја година околу 2,5 милиони туристи одат во Помпеја. Археолозите ја опишуваат како најважен прозорец во античкиот свет.

Овој град на Римската империја бил закопан под метри на пепел кога блискиот вулкан, Везув, еруптирал во 79-та година пред новата ера.

Затрупаните урнатини биле откриени случајно 17 века подоцна. Многу од вилите, работилниците и бањите се најдени практично негибнати.

Но стручњаците сега велат дека сето тоа сега е во ризик – благодарение на италијанската економска криза.

Кон крајот на октомври, секција од осум квадратни метри на оградниот ѕид падна по голем дождови.

Една година пред тоа се урна познатата Куќа на гладијаторите.

Цао Серволи е претседател на италијанската Национална асоцијација на археолози кој работел екстензивно на Помпеја. Тој вели дека последниве денови и недели добиле нови извештаи за уривање на антички структури, што се случува редовно кога средствата се намалуваат.

Италијанскиот претседател штетата ја нарече „национален срам“.

Опозиционите политичари ја обвинуваат поранешната влада на Силвио Берлускони за намалување на грантовите за одржување на наследството од 40 на 25 милиони долари.

ЕУ нуди помош. Членот на Европската комисија Јоханес Хан ја посети Помпеја кусо време по колапсот.

„Имаме оперативна програма за Италија, наречена „Културно наследство“ и одреден важен дел на буџетот сега ќе биде искористен – 105 милиони евра, за почеток на работа овде во Помпеја“, кажа Хан.

Но, археологот Цао Серволи вели дека таков нерамномерен приод е погрешен:

„Овде е потребно како што прави секој сопственик на куќа: редовни поправки за да се чува во добра состојба, а не интервенирање на секои 20-30 години“.

Серволи ги критикува властите на Помпеја што ги трошат грантовите за маркетинг, а не за одржување. Но, властите, пак, ги обвинуваат поројните дождови во Италија за штетата.

Овие дождови оштетија и други познати споменици. Подземните области на римскиот Колосеум беа поплавени и дел од малтерот паднал од ѕидовите. Делови од Форумот беа исто така под вода.

Цао Севоли вели дека намалувањето на средствата за оваа намена ставаат многу локации во ризик, и очекува во наредните месеци да види поголема штата со продлабочувањето на економска криза во земјата.

XS
SM
MD
LG