Линкови за пристапност

Група резервисти велат дека одбиваат да ги шпионираат Палестинците, како морален чин

Десетици резервисти од елитна израелска разузнавачка единица испратија писмо до владата на нивната држава дека одбиваат да служат бидејќи должностите бараат од нив да ги прислушкуваат Палестинците.

Весникот Yediot Ahronot во петок објави писмо од 43 војници до премиерот Бенџамин Нетанјаху и до шефот на армијата на државата. Војниците – членови на групата наречена Единица 8200 – пишуваат дека чувствуваат оти прислушкувањето ги спречува Палестинците да водат нормален живот.

Војниците велат дека ова го сметаат за морален акт. Израелската армија го отфрли писмото како трик за публицитет од мала група резервисти. Имињата на потписниците не се објавени. Војниците од Единицата 8200 потпишуваат договори во кои стои дека во нивните должности се мониторење на непријателските држави како и на Палестинците.

XS
SM
MD
LG