Линкови за пристапност

Израелскиот шпион Полард условно пуштен на слобода


Премиерот Бенjамин Нетанјаху повеќепати вршеше притисок за негово ослободување

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека израелскиот шпион Џонатан Полард денеска е условно пуштен на слобода, откако мина 30 години во американски затвор.

Полард, поранешен цивилен аналитичар во Разузнавачката служба на американската морнарица, во 1987-та беше осуден на доживотна казна затвор, откако се изјасни за виновен за продажба на доверливи документи на Израел.

„По три долги и тешки децении, Џонатан конечно е повторно со своето семејство“, се вели во соопштението на Нетанјаху, којшто на неколкупати вршеше притисок за ослободување на Полард.

Шеесет-и-едно годишниот Полард кој добил израелско државјанство во 1995-та додека бил во затвор, се очекува да живее во Њујорк, најмалку пет години по условното ослободување од затвор. Воедно, ќе му биде забрането да патува надвор од САД, вклучувајќи го и Израел, без претходна дозвола.

И Одделот за правда и адвокатите на Полард, засега одбиваат да обелоденат детали за одлуката за условен отпуст.

Нетанјаху побарал од САД да му дозволат веднаш да се се пресели во Израел.

Конгресмените од Њујорк, Елиот Енгел и Џеролд Надлер испратија писмо до генералната правобранителка Лорета Линч, велејќи дека на Полард треба да му се дозволи да се откаже од американското државјанство и да емигрира во Израел.

XS
SM
MD
LG