Линкови за пристапност

Најмалку 17 загинати во новите протести ширум исламскиот свет


Од протестот во Карачи

Од протестот во Карачи

Не стивнува гневот поради видеото на Интернет што го исмејува пророкот Мухамед.

Петокот избувнаа нови протести ширум исламскиот свет, предизвикани од видеото на Интернет, направено во САД, а во кое се исмејува пророкот Мухамед.

Најмалку 17 лица загинаа, а десетици се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Пакистан. На улиците во оваа земја излегоа илјадници луѓе. Најнапнато беше во Карачи, каде загинаа најмалку 12 лица.

Пакистанското Министерство за надворешни работи го свика американскиот дипломат Ричард Хогланд и му врачи остар протест за видеото. Хогланд ја повтори американската осуда на филмот и потенцираше дека американската влада нема никаква врска со него.

Американската амбасада објави пораки на пакистанската телевизија на која претседателот Барак Обама и државната секретарка Хилари Клинтон го осудуваат видеото.

​Пакистанската влада го означи овој петок за национален празник и “ден на љубов за пророкот Мухамед“.

Илјадници муслимани протестираа и во други земји: Авганистан, Индија, Шри Ланка, Бангладеш, Ирак, Либан и Индонезија. Американските амбасади во исламскиот свет се во состојба на зголемена претпазливост.
XS
SM
MD
LG