Линкови за пристапност

ИРИ: Над 50 проценти од граѓаните незадоволни од градоначалниците


Најновата анкета на Меѓународниот републикански институт, покажува дека мнозинството граѓани не се задоволни од локалните власти, a опаднала и поддршката за ЕУ и НАТО

Педесет и еден процент од граѓаните не се задоволни од работата на нивните градоначалници, додека 47 проценти го имаат истиот став за општинските совети, покажа најновата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

„Додека многу внимание е посветено на националните предизвици на Македонија, загриженоста во врска со работењето на локалните власти е јасно видлива“, вели Јан Суротчак, регионален директор на ИРИ за Европа.

Тој даде дека во пресрет на локалните избори, што се очекува да се одржат подоцна годинава, политичките партии мора да најдат начин за решавање на проблемите на локалните гласачи.

Анкетата открива и дека 46 проценти од граѓаните се изјасниле дека не се задоволни од локалните администрации, 37 проценти сметаат дека нивната општина се движи во погрешна насока, додека 35 проценти се изјасниле дека се неутрални. Само 23 проценти сметаат дека нивната општина се движи во вистинска насока.

На прашањето за влез во Европската Унија, 72 процента изразиле поддршка за членство, додека 71 процент поддржале членство во НАТО. 59 проценти, пак, сметаат дека Македонија е далеку од полноправно членство во ЕУ, во споредба со 2005-та година.

ИРИ вели дека поддршката за членство во ЕУ е пониска од онаа во анкетата во 2016-та година, односно 76 наспроти 72 проценти, додека процентот за влез во НАТО паднал од 77 на 71.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG