Линкови за пристапност

Ураганот Ајрин може да чини седум милијарди долари


Ураганот Ајрин може да чини седум милијарди долари

Ураганот Ајрин може да чини седум милијарди долари

Осигурителните компании и експертите ја проценуваат штетата од ураганот што мина преку САД изминативе два дена

Осигурителни лица и други стручњаци прават збир на економските трошоци за ураганот Ајрин, што уби најмалку 21 лице во САД изминативе два дена.

Кинетик Аналисис Корпорејшн вели дека се чини оти загубите ќе бидат околу седум милијарди, што е помалку од претходните прогнози.

Невремето прво ја погоди јужната американска крајбрежна сојузна држава Северна Каролина, а потоа се искачи нагоре кон Њу Џерси, Њујорк и Њу Ингланд. По патот, ураганот ја прекина електричната енергија за околу четири милиони луѓе, натера два ипол милион луѓе да се евакуираат и оштети згради со силните ветришта, поплави и паднати дрвја.

Стручњаците велат дека највисоката финансиска цена е во густо населените области на крајбрежната држава Њу Џерси, каде невремето го истури последниот голем дожд.

Стручњакот за урагани и економија, Роџер Пилке, вели дека економската цена од невремињата расте повеќекратно заради милиони луѓе во САД кои морале да се преселат од крајбрежни области кои биле ранливи на претходни невремиња.

Тој вели дека подобрите правила за градење објекти ја задржуваат цената на пониско ниво и дека подобрените временски услови помогнале да се намали бројот на жртви.

Осигурителната индустрија најверојатно ќе треба да плати 40 до 50 проценти од штетата направена на носителите на полиси. Мајкл Бери од Инситутот за осигурување и информации вели дека индустријата има доволно средства да ги покрие трошоците. Тој вели дека ова било тешка година за неговата индустрија дури и пред Ајрин заради многуте торнада кои се случија во САД.

XS
SM
MD
LG