Линкови за пристапност

Ураганот јакне додека се приближува кон САД


Ураганот јакне додека се приближува кон САД

Ураганот јакне додека се приближува кон САД

Ураганот Ајрин засили движејќи се кон Бахамите на патеката до источниот дел на САД.

Националниот центар за урагани вели дека Ајрин одржува ветришта со сила од 185 километри на час, правејќи го невреме од категорија три, на скалилото од пет категории. Центарот вели дека Ајрин може да стане ураган од категорија четири до четврток.

Центарот на невремето се предвидува да мине преку централни Бахами до северозападниот дел на островите во четврток.

Директорот на Центарот за урагани Бил Рид, вели дека ветровите со сила на тропско невреме може да стигнат до американската сојузна држава Северна Каролина рано во сабота. Евакуација е веќе во тек во делови од државата.

Според Рид невремето може да биде голема закана за североисточниот дел на САД, вклучително њујоршкиот Лонг Ајленд.

XS
SM
MD
LG