Линкови за пристапност

Роудс: убиството на Фоли е терористички напад врз САД


Бен Роудс, заменик-советник за национална безбедност

Бен Роудс, заменик-советник за национална безбедност

Вашингтон е подготвен да преземе акција против ИСИЛ, рече заменик-советникот за национална безбедност на Белата куќа

Заменик-советникот за национална безбедност на Белата куќа Бен Роудс го опиша обезглавувањето на американскиот новинар Џејмс Фоли од страна на милитантите на ИСИЛ како терористички напад против САД.

„На тоа гледаме како на напад врз нашата земја“, рече Фоли, коментирајќи на видео-снимката од погубувањето што ја објави ИСИЛ.

Роудс оцени дека екстремистичката организација сега претставува поголема закана отколку пред шест месеци, но дека Вашингтон е подготвен да преземе акција против ИСИЛ, секојпат кога ќе се закани на американските интереси.

Истовремено, портапролот на Пентагон, контраадмиралот Џон Кирби не сакаше да коментира на прашањето дали САД планираат да ги прошират воздушните напади против ИСИЛ од Ирак во Сирија, кадешто е базата на организацијата.

Коментарот на Роудс уследи во исто време кога САД извршија три напади во близина на браната Мосул во Ирак, клучната инфраструктура што милитантите најпрвин ја зазедоа, но потоа загубија контрола над неа. Од 8-ми август - наваму, САД извршиле 93 воздушни напади против милитантите во северозападниот дел на Ирак. 60 од нив биле во близина на браната.

Според американско официјало лице од областа на безбедноста, проценката е дека во Сирија во моментов има 12.000 странски борци, како и дека над 1.000 од нив се од западните земји. За стотина се верува дека се американски државјани.

Секетарот за одбрана Чак Хегел вчера изјави дека екстремистите на ИСИЛ сега станале повеќе од терористичка организација, односно дека се добро обучен, вооружен, организиран и финансиран исламски елемент што претставува „директна закана“ по американските интереси.

XS
SM
MD
LG