Линкови за пристапност

Грабнувачите на Фоли барале откуп од 132 милиони долари


Џејмс Фоли во Бенгази, Либија, во 2011-та

Џејмс Фоли во Бенгази, Либија, во 2011-та

Пентагон се обидел, но не успеал да го спаси американскиот новинар

Меѓународната новинска компанија ГлобалПост што го најмила американскиот новинар Џејмс Фоли наведува дека неговите грабнувачи барале 132 милиони долари за негово ослободување, пред да одлучат да го обезглават.

Фоли, како фриленсер ангажиран од ГлобалПост, бил грабнат во Сирија кон крајот на 2012-та. Портпарол на компанијата денес соопшти дека откупот го побарале милитантите на ИСИЛ.

ГлобалПост наведува дека ги известила американските власти за барањето, но САД не платија откуп во бројни случаи на Американци држени како заложници во разни области на воени судири во светот, за да не поттикнат натамошни грабнувања. Во некои случаи, САД имаат разменето затвореници.

САД во неколку наврати испратиле армиски сили да ослободат свои државјани, меѓу нив и 40-годишниот Фоли и други Американци држени во заложништво во Сирија. Но, Пентагон вчера соопшти дека мисијата за ослободување на Фоли, што летово ја одобрил Обама не дала резултат, затоа што тој не бил на локацијата на којашто се претпоставувало дека се наоѓа.

XS
SM
MD
LG