Линкови за пристапност

ОН предупредуваат дека таа цифра може да порасне до 200.000

Меѓународната организација за миграција вели дека повеќе од 10.000 Ирачани се раселени од почетокот на опрацијата за ослободување на градот Мосул од милитантите на Исламската држава.

Обединетите нации предупредија минатата недела дека 200.000 луѓе може да бидат преселени во наредните недели, додека трае борбата во Мосул, и оти хуманитарните организации првично ќе можат да помогнат на околу 70.000 лица.

Во понеделникот, американски официјални лица и ирачките сили вратија повеќе 800 квадратни киломотери од територијата околу Мосул, заземена од Исламската држава.

XS
SM
MD
LG