Линкови за пристапност

Операцијата е потпомогната од воздушни напади на коалицијата под американско водство, сунитските племенски сили и шиитски паравојници.

Ирачките и курдските сили ја вратиле контролата врз бројни села во близина на Мосул, во рамки на офанзивата за преземање на градот кој е во рацете на милитантите на Исламската држава.

Ова е втор ден од операцијата, потпомогната од воздушни напади на коалицијата под американско водство, сунитските племенски сили и шиитски паравојници.

Важи за најголема воена операција во Ирак откако американските копнени трупи заминаа од земјата пред пет години. Меѓутоа, постои загриженост за безбедноста на стотици илјади цивили во областа.

Американски претставници мисијата ја опишаа како „одлучувачки момент“ во кампањата против Исламската држава која претрпе серија порази и во моментов главно е концентрирана во Мосул и околината. Тие сепак подвлекоа дека операцијата можно е да трае со недели, ако не и подолго.

XS
SM
MD
LG