Линкови за пристапност

Ирак: Во нападот во Багдад загинале најамалку 142 лица


IRAQ BAGHDAD CAR BOMB TERROR

IRAQ BAGHDAD CAR BOMB TERROR

Одговорноста ја презеде Исламската држава

Ирачките претставници соопштија дека во самоубиствниот напад во Багдад во неделата, загинале најмалку 142 лица, а повредени се најмалку 186. Одговорноста ја презеде Исламската држава, објавувајќи дека мета биле Шиити. Камионот-бомба бил активиран во областа Карада, каде вообичаено има голема фреквенција на луѓе. Ова важи за најсмртоносен напад во Ирак годинава.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун рече дека е „шокиран од комплетното непочитување на човековиот живот“. Тој, преку својот портпарол, го повика ирачкиот народ да одбие какви било обиди за ширење страв и подривање на единството на земјата.

Портпаролот на Националниот совет за безбедност Нед Прајс, изјави дека САД остануваат обединети со Ирак во заедничките напори да ја уништат Исламската држава.

Ирачките сили на теренот потпомогнати од воздушните напади под водство на САД, ја вратија контролата врз поголем дел од територијата на земјата, вклучувајќи го и градот Фалуџа, меѓутоа ИД и натаму ја има контролата на неколку големи градови, како Мосул.

XS
SM
MD
LG