Линкови за пристапност

Ирачкиот премиер доаѓа во Вашингтон


Ирачкиот премиер доаѓа во Вашингтон
Ирачкиот премиер доаѓа во Вашингтон

Премиерот на Ирак, Нури ал-Малики, ќе го посети Вашингтон пред конечното повлекување на трупите.

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики доаѓа во САД.

Белата куќа во петок објави дека ирачкиот лиддер ќе го посети американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон следниот месец за да разговара за тековното партнерство меѓу двете држави.

Посетата на 12 декември ќе се случи само две недели пред повлекувањето на последните американски трупи од Ирак по повеќе од осум години војна.

Претседателот Обама минатата недела соопшти дека речиси сите американски трупи ќе се вратат дома до крајот на годината, и дека американските односи со Ирак ќе влезат во „нова фаза“.

Околу 39.000 американски трупи останати се во Ирак, што е намалување од 165.000 во 2008. Околу 150 американски трупи ќе останат после другите, од кои некои ќе бидат обезбедување на американската амбасада.

САД исто така велат дека ќе преговараат со ирачката влада за можноста да се даде помош во натамошната обука на ирачките сили.

Војната започна во март 2003 и е еден од најдолгите армиски конфликти во американската историја. Повеќе од 4.400 американски трупи загинаа во конфликтот.

XS
SM
MD
LG