Линкови за пристапност

Август – прв месец без загинати Американци во Ирак


Август – прв месец без загинати Американци во Ирак

Август – прв месец без загинати Американци во Ирак

Американската армија вели дека ова е прв месец без американски жртви од почетокот на војната во 2003-та.

Американската армија вели дека ниеден припадник на американските сили во Ирак не загинал во август, што го прави прв месец без американски армиски жртви во земјата од почетокот на инвазијата предводена од САД во 2003-та.

Ова е во контраст со јуни, кога 15 американски војници загинале во до сега најсмртоносниот месец за американскиот персонал во Ирак за последниве две години.

Се` на се` над 4.400 американски персонал се убиени од почетокот на војната.

Помалку од 50.000 американски трупи остануваат во Ирак, од кои сите треба да бидат повлечени до крајот на оваа година. Американски и ирачки претставници изразија загриженост за способноста на Ирак да се справи со безбедноста по повлекувањето.

XS
SM
MD
LG