Линкови за пристапност

Новоизбраниот ирански претседател ветува „нова ера“


Умерениот свештеник Хасан Ровхани ветува дека ќе го следи патот на умереност, велејќи дека неговата победа сигнализира нова ера за иранскиот народ.

Новоизбраниот ирански претседател и умерен свештеник Хасан Ровхани зборуваше за време на телевизиски пренесувана прес конференција во понеделник, прва по изненадувачката победа во петочните претседателски избори.

Ровхани кажа дека ќе „го следи патот на умереност и правда, а не екстремизам.“ Тој исто така вети дека ќе го оживее она што го нарече конструктивна интеракција со останатиот дел на светот и за да и` помогне на иранската забавена економија.

Иранската економија беше погодена од неколку рунди на меѓународни санкции заради контроверзната нуклеарна програма. САД и други западни нации се сомневаат дека Иран се обидува да направи нуклеарно оружје. Иран вели дека нуклеарната програма е за мирољубиви цели.

На Твитер на англиски јазик, Ровхани кажа дека решението за проблемот е транспарентност и взамно почитување, и дека „ние може да преземеме повеќе чекори светот јасно да види дека нашата нуклеарна програма е во рамки на меѓународната регулатива.“

Шефицата на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон во понеделник кажа дека е определена да работи со новоизбраниот ирански претседател во наоѓање на дипломатско решение.
XS
SM
MD
LG