Линкови за пристапност

Иран лансирал мајмун во вселената


Запад стравува дека вселенската програма може да се искористи за развивање проектили за нуклеарно оружје.

Иран вели дека успешно лансирал мајмун во вселената.

Министерот за одбрана Ахмад Вахиди за државната телевизија изјави дека мајмунот се вратил жив по патување во капсулата на височина од 120 километри.

Извештајот не дава детали за денот и локацијата на лансирањето. Последниот обид на Техеран да стави мајмун во вселената во 2011-та пропаднал од необјаснети причини.

Вселенската програма на државата длабоко ги загрижува западните нации, кои стравуваат дека тоа може да биде искористено за развивање на балистички проектили кои потенцијално може да бидат наоружани со нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG