Линкови за пристапност

Иран бара увид во наводите за атентат


Иран бара увид во наводите за атентат
Иран бара увид во наводите за атентат

Техеран негира вмешаност, Вашингтон тврди дека има доволно докази за спротивното.

Официјален Техеран најави дека е подготвен да ги разгледа американските наводи дека Иран заговарал атентат врз саудискиот амбасадор во САД.

Државната новинска агенција ИРНА денес соопшти дека иранскиот министер за надворешни работи Али-Акбар Салехи ги повикал САД да ги достават сите документи во врска со случајот.

Иранските власти негираат вмешаност. Врховниот водач, ајатолахот Али Каменеи вчера изјави дека Иран „решително ќе одговори“ на каква и да е „несоодветна“ политичка или безбедносна акција од страна на САД во врска со случајот. Тој оцени дека американските наводи се обид на официјален Вашингтон да го сврти вниманието од сопствените финасиски проблеми и протести. За случајот коментираше и иранскиот претседател Махумд Ахмадинеџад, кој изјави дека Иранците се цивилизирани и не им требаат атентати.

Претседавачката на Сенатската комисија за разузнавање Дајен Фајнстејн, пак, во вчерашниот настап на ТВ Фокс подвлече дека американските власти собрале доволно докази за вмешаност на иранските елитни сили Кудс во заговорот.

XS
SM
MD
LG