Линкови за пристапност

Рухани: Иран нема да престане да збогатува ураниум


Иранскиот претседател најави дека во исто време ќе има „конструктивна интеракција“ со меѓународната заедница.

За телевизијата Ириб, претседателот Хасан Рухани изјави дека Иран го задржува правото и дека ќе продолжи со нуклеарниот процес на збогатување на ураниум.

Ваквиот коментар доаѓа само неколку дена откако Иран со постојаните членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија, постигна привремен договор за ограничување на делови од нуклеарната програма, во замена за олеснувања на дел од меѓународните санкции.
XS
SM
MD
LG