Линкови за пристапност

Нови преговори за иранската нуклеарна програма


Техничар во иранска постројка за процесирање на ураниум во Исфахан, 400-тини километри јужно од Техеран. (АП, архива)

Техничар во иранска постројка за процесирање на ураниум во Исфахан, 400-тини километри јужно од Техеран. (АП, архива)

26-ти февруари во Казахстан; ЕУ се надева на „конкретен напредок“.

Шефицата за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон се надева на, како што рече, конкретен напредок во новата рунда преговори со Иран за контроверзната нуклеарна програма на земјата.

Ирански и претставници на Унијата денес најавија дека ќе се сретнат на 26-ти февруари во Казахстан.

Иран и таканаречената Контактна група 5+1 (САД, Франција, Русија, Кина, Британија и Германија) последен пат се сретнаа во јуни минатата година, но преговорите пропаднаа откако ниту една страна не попушти во барањата.

Некои западни земји, меѓу кои и САД, сметаат дека Иран тајно се обидува да развие нуклеарно оружје. Иран, пак, тврди дека нуклеарната програма е за мирољубиви цели.

Советот за безбедност на ОН во повеќекратни резолуции побара властите во Техеран да запрат со нуклеарниот процес на збогатување на ураниум и да дозволат на инспекторите на ОН да ги посетат нуклеарните постројки.
XS
SM
MD
LG