Линкови за пристапност

Кери во Париз, а потоа во Виена


Кери со францускиот колега Лорен Фабиус пред средбата во Париз
Кери со францускиот колега Лорен Фабиус пред средбата во Париз

Интензивни преговори за иранска нуклеарната програма пред крајниот рок за спогодба што истекува во понеделник

Тековните преговори за иранската нуклеарна програма се тема на денешната средба на американскиот државен секретар Џон Кери со министрите за надворешни работи на Франција и Саудиска Арабија.

Кери потоа ќе претојува во Виена, каде Иран и групата земји во којашто спаѓаат САД, Британија, Кина, Франција, Русија и Германија се обидуваат да постигнат сеопфатна спогодба што би ставила крај на преговорите што траат веќе една година. Крајниот рок за тоа е понеделник.

Во текот на целиот преговарачки процес, претставници од обете страни даваа изјави за различни нивоа на надеж, но и неизвесност дали ќе биде постигната спогодба што би обезбедила дека иранската нуклеарна програма е за мирољубиви цели, а Иран би здивнал од меѓународните санкции што ја погодија неговата економија.

XS
SM
MD
LG