Линкови за пристапност

Епл претстави два помоќни модели на Ајфон


Главниот директор Тим Кук рече дека тоа е „најголем напредок“ во историјата на производот кој се продава низ светот од 2007.

Американскиот технолошки гигант Епл објави две усовршени верзии на своите популарни телефони, Ајфон, со поголеми екрани и поголема моќ за нивно оперирање.

Епл во вторник ги претстави Ајфон 6 и Ајфон 6 Плус, со различна големина на екранот. Главниот директор Тим Кук рече дека тоа е „најголем напредок“ во историјата на производот кој се продава низ светот од 2007.

Самсунг од Јужна Кореја останува лидер по продажба на целуларни телефони во глобални рамки, надминувајќи го Епл со голема маргина, но американската фирма останува меѓу највредните компании во светот.

Епл кажа дека почетната цена на помалиот Ајфон 6, голем близу 12 сантиметри, ќе биде 199 долари. Поголемиот Ајфон 6 Плус, голем близу 14 сантиметри, ќе чини 299 долари, а двата модели ќе бидат на продажба на 19 септември. Компанијата планира да го дава постариот модел бесплатно доколку корисниците се согласат на двегодишен договор со нивните компании за мобилна телефонска мрежа.

Епл исто така беше подготвен за претставување на нова направа, наречена Ајвоч, што на луѓето може да им користи за мониторење на здравјето, за купување, и за подесување на температурата и обезбедувањето на домот кога не се дома.

XS
SM
MD
LG