Линкови за пристапност

АјПед и за децата во градинка


АјПед и за децата во градинка
АјПед и за децата во градинка

Пред девет години, североисточната држава Мејн стана прва во нацијата што ги опреми учениците во повисоките одделенија на основните училишта со лаптоп компјутери – програма што сега е проширена на околу половина од средните училишта во Мејн. Програмата што добива меѓународно внимание, сега оди и во една општина во државата преку нова образовна иницијатива да ги опреми сите градинки со АјПед за децата. Критиката вели дека ова е фрлање пари, а поддржувачите очекуваат отскок во образованието на децата во некои важни академски области.

Во Основното училиште Шервуд Хаитс во Обурн, Мејн, Лори Џерард го подготвува својот клас за обука за АјПед. Пред да ги прибере овие таблет-компјутери, 5 и 6-годишните деца ги рецитираат правилата:

Како што изминува годината, Џерард планира да користи различни АјПед апликации што ќе и` помогнат да дојде до индивидуализирани планови за учење за секој ученик.

Овие компјутери се присутни во нејзината училница откако почнаа часовите во септември и тие брзо станаа голем хит меѓу децата.

Петгодишниот Даниел Фицџералд игра интерактивна игра со зборови,обидувајќи се да си го спелува името користејќи АјПед.

Директорката на Шервуд Хаитс Лора Шо вели дека АлПед на децата им дава моментална реакција:

„Кога имате 18 деца во класот и гледате десет раце кренати, наставникот прави се` што може да им одговори. Но со АјПед и одредени апликации децата веднаш знаат дали одговориле точно, и можат да одат понатаму. Ако тоа што го направиле не е точно, тогаш знаат дека треба да побараат помош“.

Речиси 300 деца во градинки во Обурн учествуваат во програмата оваа година. Половина од нив, како класот на Џерард, веќе започнале. Другата половина ќе започне месецов.

Училишните претставници велат дека ова е сторено за да обезбеди компаративни податоци за влијанието на користењето на АјПед меѓу учениците.

Координаторот на проектот Мајк Мјуир верува дека компјутерите може да помогнат во две области: писменост и математика, каде само околу 60 - 65 проценти од третоодделенците се на ниво каде треба да бидат. Тој вели дека искуството на колегите помогнало да се зацврсти ова верување.

Најголем дел од финансирањето за проектот вреден 200 илјади долари доаѓа од државни и федерални грантови, но Мјуир вели дека се надева оти успехот на иницијативата ќе направи АјПед да биде редовна ставка во буџетот на дистриктот.

Но не се сите толку ентузијастични за иницијативата.

Елиот Соловеј не е многу среќен со сумата што за ова се троши. Тој е професор по наука на Универзитетот во Мичиген, кој проучува каков е меѓусебниот однос на технологијата и образованието.

Соловеј исто така е скептичен за корисноста на АјПед кога се работи за образованието на 5-годишни деца.

Сепак, концептот продира во голем број држави – Јужна Каролина, Тенеси, Илиноис и други. Што се однесува до Мејн, успехот на програмата ќе се знае на крајот на училишната година кога ќе бидат објавени компаративните податоци.

XS
SM
MD
LG