Линкови за пристапност

Ајова - прв тест за републиканските претенденти


Ајова - прв тест за републиканските претенденти

Ајова - прв тест за републиканските претенденти

Пол, Гингрич, Ромни – сите со политички багаж

САД ќе избираат претседател за нешто повеќе од 11 месеци, но најпрвин републиканците мора да решат кој ќе се спротистави на Барак Обама. Републиканската трка има интересни кандидати – еден не успеа да влезе на гласачкото ливче во сојузната држава каде живее; друг – либерал, на удар во јавноста за наводни дискриминаторски коментари.

Сите републикански кандидати деновиве не ја симнуваат широката насмевка. Прелиминарните избори во Ајова се првиот тест - гласањето е на 3-ти јануари. На ливчето се девет кандидати, но политичкиот аналитичар Метју Дауд го сведува на тројца.

„Ако нешто драматично не се случи, трката е меѓу Рон Пол, Мит Ромни и Њут Гингрич. Сите имаат огромен политички багаж и мнозинството републикнци се загрижени“, коментира Дауд.

Гингрич самиот има причина за загриженост - не поднесе доволен број на потписи за да се најде на гласачкото ливче за прелиминарните избори во Вирџинија, каде живее. Во Вирџинија не доминира ниту една партија и затоа важи за една од пресудните држави на претседателските избори.

„Има значење што не се наоѓа на ливчето во Вирџинија каде трката ќе биде тесна. Тоа покажува дека неговиот табор не е подготвен за трката“, наведува демократскиот политички аналитичар Џејмс Карвил.

Кампањата на Гингрич веднаш го пренасочи вниманието на контроверзата дека конгресменот Рон Пол објавувал билтени во 1980-те и 19-те со расистичка, антисемитска и антихомосексуална содржина.

Пол веднаш се правдаше дека не ги пишувал, но видео-материјалот од 1995-та на Ју-Тјуб покажа поинаку. На него Пол потврдува дека е се работи за негов билтен и дека го издава месечно.

Третиот од најсериозните републикански претенденти, поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни, мина помалку време на кампања низ Ајова. Ромни во рекламите тврди дека има економско искуство. Па сепак, дел од републиканците мислат дека не е доволно конзервативен по други прашања.

XS
SM
MD
LG