Линкови за пристапност

Панета застана зад генералот Ален


Првиот човек на Одделот за одбрана повика на воздржаност додека трае истрагата за генералот, по скандалот со шефот на ЦИА.

Секретарот за одбрана Леон Панета истакна дека има „натамошна доверба“ во генералот Џон Ален на функцијата командант на американските сили во Авганистан и покрај неговата поврзаност во скандалот што резултираше со оставка на директорот на ЦИА, Дејвид Петреус.

Панета ова го изјави во Австралија, каде учествува во билатералните стратешки разговори за соработка со оваа земја. На заедничката прес-конференција со државната секретарка Хилари Клинтон, Панета истакна дека никој не би требало да носи претпоставки за генералот Ален.

„Никој не треба да извлекува никакви заклучоци. Генералот Ален врши одлична работа на чело на силите на ИСАФ во Авганистан. Секако дека ја има мојата натамошна доверба во предводењето на тие сили и продолжување на борбата. Неговата номинација е ставена на почек како дискретна мерка се` додека не утврдиме кои се фактите. И ќе го сториме тоа“, рече првиот човек на Пентагон.

Клинтон пак, генералот Ален го нарече одликуван маринец и командант кој е важен дел од мисијата на НАТО во Авганистан.

Генералот Ален е под истрага откако Федералното истражно биро (ФБИ) открило комуникација од 20.000 до 30.000 страници меѓу него и Џил Кели. Кели е жената која се пожалила на ФБИ откако добила заканувачки електронски пораки од Пола Бродвел со која Дејвид Петреус имал вонбрачна врска.
XS
SM
MD
LG