Линкови за пристапност

Кристофер Хил: Луѓето од Скопје ми се при срцето


Сеќавања на земјотресот во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Кристофер Хил во интервјуто за Гласот на Америка преку Скајп

Поранешниот амбасадор во Македонија се навраќа на земјотресот во 1963-та во интервју за Гласот на Америка.

Траеше само 20 секунди, но засекогаш го промени животот на скопјани. Земјотресот 1963-тата голтна над 1.000 луѓе, збриша 75% од лицето на градот.

До ден-денес трае дебатата, дали беше подобро старото, или она што се роди од архитектонската маса на Кензо Танге, или пак ова, денешното, исто така рапидно преобразувано како она по земјотресот.

Кристофер Хил
Кристофер Хил
За гласот на Америка, на кобното утро 26-ти јули пред 50 години се сеќава амбасадорот Кристофер Хил, сега декан на Катедрата за меѓународни студии Џозеф Корбел на Универзитетот на Денвер. Како 11-годишник, веројатно не ни сонувал дека клопчето на животот ќе се одвитка така што еден ден ќе има амбасадорска канцеларија во Скопје, па дури и ќе стане негов почесен граѓанин. За скаменувањето на стрелките на 5:17 дознал преку радио, од другата страна на Атлантикот.

„Се сеќавам дека бев шокиран од обемот на штетата. Кога бев помлад, на возраст од 6-7 години, живеев во Белград. Татко ми таму беше дипломат, така што знаев за Скопје. Бев таму претходно, така што бев заинтригиран да ги видам ужасните слики од градот во жалост“.
Кристофер Хил, почесен граѓанин на Скопје
„Тоа беше многу одамна, но се сеќавам дека бев во куќата на еден пријател и сосед по име Херберт Кејс во Литл Комптон, Роуд Ајленд. Слушнав на радио“, се сеќава амбасадорот.

Дописникот на Њујорк тајмс Дејвид Бајндер ќе напише дека градот како да минал низ тешко бомбардирање. За Хил, новинските извештаи сепак не биле првата средба со Скопје и Балканот: „Се сеќавам дека бев шокиран од обемот на штетата. Кога бев помлад, на возраст од 6-7 години, живеев во Белград. Татко ми таму беше дипломат, така што знаев за Скопје. Бев таму претходно, така што бев заинтригиран да ги видам ужасните слики од градот во жалост“.

Трагедијата во Скопје го зближи целиот свет. Солидарноста даде нова надеж на човештвото што живееше во напнатоста на Студената војна.

„Самата идеја американските и советските војници да соработуваат на хуманитарно прашање беше добредојдена“.
„Самата идеја американските и советските војници да соработуваат на хуманитарно прашање беше добредојдена“, вели Хил.

Починатиот државен секретар Лоренс Иглбергер, кој во време на земјотресот бил ниж службеник во Амбасадата во Белград, е клучната фигура на американската помош за Скопје, оттаму и прекарот во дипломатските кругови - Лоренс од Македонија.

“Кога дојдов во Македонија како амбасадор во 1996-та, еден од првите луѓе на кои им се јавив во Вашингтон беше тогаш пензионираниот Лоренс Иглбергер, и тој долго ми говореше за своите сеќавања за тешко погодениот град“, раскажува Хил.

„Она што ми е при срцето се луѓето од Скопје кои особено пропатија во земјотресот. А сега, кога сум постојан граѓанин на Скопје, секогаш се чувствувам дома кога ќе го посетам“.
Тој поздравува дел од неодамнешните напори за повторна изградба на некои од историските зданија кои постоеле пред земјотресот. Дипломат и по пензионирањето од дипломатската служба - не сака да избира кое Скопје му е поблиску до срцето: градот на солидарноста или градот на се` повеќе споменици: “Не сакам да бидам политички настроен. Она што ми е при срцето се луѓето од Скопје кои особено пропатија во земјотресот. А сега, кога сум постојан граѓанин на Скопје, секогаш се чувствувам дома кога ќе го посетам“.
XS
SM
MD
LG